Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украинскиот претседател вели дека мировните напори продолжуваат и покрај фокусот на САД врз Иран

/

пред 198 дена

Сподели преку :

Претседателот на Украина  изјави дека мировните напори продолжуваат и покрај фокусот на САД врз Иран. Во своето видео обраќање, Володимир Зеленски ги сумираше дводневните состаноци меѓу украинската делегација и претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека постојат сигнали дека „можни се понатамошни размени“.

–Јасно е дека вниманието на американската страна во овој момент е првенствено насочено кон ситуацијата околу Иран и во тој регион, но оваа војна на Русија против Украина исто така мора да се заврши“, рече Зеленски.

Зеленски зборуваше и за ситуацијата на фронтот, велејќи дека во последните денови Русите извршиле повеќе напади и „значително ја засили својата активност“.

„Но, ова исто така значи и поголеми руски загуби“, додаде Зеленски.

Според Зеленски, во текот на изминатата недела повеќе од осум илјади руски војници биле убиени или сериозно повредени.