Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украле 370.000 евра од продажба на билети, сметководителка ги криела парите – обвинение против три вработени лица во ЈСП Скопје

/

пред 726 дена

Сподели преку :

Тројца вработени во ЈСП Скопје се обвинети дека украле 370.000 евра, пари од продажба на билети на граѓаните кои секојдневно го користат градскиот превоз. Двајца од нив работеле на билетарите во центарот на градот, односно во ГТЦ и на Зелен пазар, третата била сметководителка која ги криела кражбите на парите. Тие се обвинети за проневера во службата, а кривични дела ги извршувале во периодот од 1 декември 2018-та година, до 5 август во 2021-та година.

„Двајца од обвинетите, продавачки на билети на продажните места, билетарници „Зелен пазар“ и ГТЦ уплаќале помалку парични средства наплатени во готово, додека третата обвинета, самостоен референт-сметководител во Одделение за сметководство-Сектор за финансиско работење во ЈСП, иако знаела дека паричните средства не се уплатени и раздолжени, сметководствено вршела докнижувања, прекнижувања, исправки и други книговодствени дејствија без документација, за да може сметководствено да ги оправда и покрие неуплатените готови пари од дневниот пазар“, соопштуваат од ЈОРСМ. 

Обвинителството им одреди и мерки на претпазливост – одземање на патна или друга исправа за преминување на граница, забрана за напуштање на живеалиштето, како и повремено да се јават на суд.

Побаравме став од првиот човек на претпрјатието, но до објавување на овој прилог не добивме одговор.

Јавното сообраќајно претпријатие изминатиот период е во фокус на јавноста. Граѓаните се жалеа на редуциран возен ред, гужви во автобусите, дефекти и инциденти, а делумно возат и приватните превозници.

Симона Петровска