Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УНРВА: Едно од пет деца во Газа страда од неисхранетост

/

пред 450 дена

Сподели преку :

Едно од пет деца во градот Газа страда од неисхранетост а бројот на овие случаи се зголемува секојдневно, предупреди агенцијата за Палестински бегалци на Обединетите Нации (УНРВА).

Во изјавата која беше испратена денеска до медиумите, генералниот комесар на УНРВА, Филип Лазарини, цитираше и зборови од свој колега на теренот кој му рекол: „Луѓето во Газа не се ниту мртви, ниту живи, тие се живи мртовци“.

Повеќе од 100 меѓународни хуманитарни организации и групи за заштита на човековите права исто така предупредија за масовно изгладнување во Газа – вршејќи притисок врз владите во светот да преземат мерки.

Израел, кој ги контролира сите пратки за Газа, се правда дека нема блокади и вообичаено, сета вина за евентуалните случаи на изгладнетост и неисхранетост ја префрла врз Хамас.

Обединетите нации пак, предупредуваат дека нивото на хуманитарната помош која влегува во Газа е само „капка“ од тоа што е потребно, затоа што кризата со гладта во Газа никогаш не била толку сериозна.

Во својата денешна изјава, првиот човек на УНРВА, подвлекува дека: „повеќе од 100 лица, најголем дел од нив деца, умреле од глад“.

„Најголем дел од децата кои нашите тимови ги гледаат се ослабени, без енергија и под голем ризик од смрт, доколку не ја добијат помошта која им е неопходна“, додаде Лазарини, апелирајќи до Израел да им дозволи на хуманитарните партнери да достават неограничена и непрекината хуманитарна помош до Газа.