Прехрамбените продукти и средствата за хигиена кои се во пакетите на притворениците и осудениците кои ја издржуваат затворската казна во истражниот затвор во Шуто Оризари мора да бидат купени во затворската кантина, гласи наредбата на затворската управа која датира од ноември минатата година. За правобранителиот спорна наредба и кршење на човекови права за затворската управа исправна одлука со цел подигувнање на степенот на безбедност.
Од Канцеларијата на народниот правобранител го цитираат правнилникот за куќен ред на затворската установа односно членовите 38 и 64 кои предвидуваат внесување на средства и храна снабдени од трговски мрежи во оригинална форма и пакување.
Директорот на затворот, Филип Андов, изјави дека наредбата е донесена од безбедносни причини бидејќи често во пакувањата со храна и средства за лична хигиена биле откривани забранети предмети и супстанци.
Во преставката доставена до Канцеларијата на Наропдниот правобраниутел е наведено дека цените во затворската кантина се неколкукратно повисоки.
Андов пак го тврди спротивното, затворската кантина е сопственост на државата со посебна сметка, а цените се исти како и во останатите продавници а наредбата важи само за притворени лица.
Народниот правобранител испрати дописи до неколку државни иституцвии за и тие да ги истражат наводите а од затворската упрва побарале да наредбата да се повлече.
Директорот на упшравата за извршување на сакнции кој е во странство бнајави дека следната недела ќе се произнесе околу новонастаната ситуација во затворот.
Огнен Чанчаревиќ











