Последни повици до жителите на Флорида да ја се евакуираат и да ја напуштата областа која ќе ја погоди ураганот Милтон, ураган каков што тој дел од Америка нема видено повеќе од 100 години. Како што се приближува кон копното, Милтон се менува меѓу 4 и 5 категорија. Националниот центар за урагани со предупредување дека ќе биде исклучително опасно кога ќе удри копно, во заливот Тампа, дом на околу 3,3 милиони луѓе, најмногу изложен на ризик.
Милиони луѓе ја напуштаат Флорида пред пристигнувањето на бурата и се упатија во засолништата.
- Но бидејќи велат дека ќе биде полошо од она што се случи со претходниот ураган, велејќи ни дека ќе умреме. Одлучив да постапан според предупредувањето и да дојдеме овде= Трокон Нагбе, жител на Санкт Петербург.
Ураганот Милтон ќе биде „смртоносен и катастрофален“, предупредуваат властите. Федерална агенција за управување со вонредни состојби најави дека на Флорида овој ураган ќе донесе огромно невреме и силни поплави.
- Имам итна порака за луѓето од Флорида. Ураганот Милтон ќе биде смртоносна и катастрофална бура. Ќе донесе огромно невреме, силни ветрови и силни поплави додека се движи низ државата Флорида. Ќе патувам ќе се вратам на Флорида денес за да можам да бидам рамо до рамо со гувернерот и неговиот тим за да обезбеди беспрекорна поддршка за државата, и ќе останам таму во наредните денови за да ги проценам влијанијата и да им дадам приоритет на федералните ресурси што ќе се преселат во областа“, изјави Динa Крисвел, администратор на Федерална агенција за управување со вонредни состојби- Динa Крисвел, администратор на Федерална агенција за управување со кризи.
Се прогнозира дека Милтон ќе биде со јачина од третата категорија кога ќе пристигне на полноќ над јужна Сарасота, каде моментално дуваат силни ветрови со брзина од 233 километри на час. Сегашната прогноза е дека ураганот треба да падне на копно околу седум часот наутро по средноевропско време.
Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека заминувањето е прашање на „живот и смрт“, бидејќи државата ги презема најголемите напори за евакуација во последните години.
Жителите на н најзагрозените подрачја се соочуваат со недостиг на гориво, а авиопревозниците драстично ги зголемија цените на авиобилетите. Една девојка во Њујорк за Би-Би-Си изјавила дека билетот на таа релација кој обично не чини повеќе од 200 долари, денес го платила 700 долари и имала среќа, бидејќи видела дека некои авиокомпании наплаќаат и по 2.000 долари.
И покрај тоа што сакаат да се евакуираат, многу луѓе не можат затоа што или не можеле да купат бензин на бензинските пумпи, или не можат да си дозволат авионски билети за семејството по тие цени, рече таа.
Локалните власти на градот Тампа на Флорида веќе работата на затворање на главните мостови и насочување на населението кон областите за евакуација, според нивните проценки ураганот Милтон може да достигне и 15 степен.
- Налетот на бурата е сè уште најголемото прашање што го разгледуваме. Секој од вас кој помина низ ураганот Хелен, тоа беше 4 до 6 степен и тоа беше најголем пустош што сум го видел во мојот живот. Така, Милтон ја носи можноста овде да донесе двојно поголем наплив на бури од 12 на 15 степени. Тоа е нешто што е историско, не само за нашата заедница, туку навистина за нашата нација, рече Џејн Кастор, градоначалничката на Тампа.
Не поминаа ни две недели откако ураганот Хелен го погоди Заливскиот брег како бура од четврта категорија, убивајќи најмалку 225 луѓе низ Флорида, Џорџија, Јужна Каролина, Тенеси, Вирџинија и Северна Каролина.
На снимките од воздух од островот Трежр се гледаат купишта отпад оставени откако ураганот Хелен го погоди градот Флорида, а патиштата се празни додека областа се подготвува за ураганот Милтон.
Градот сè уште се опоравува од разорната штета од поплавите.
Билјана Ставрова











