Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ургентниот центар се реновира, дел од болните ќе се лекуваат во „8 Септември” и стара Градска болница

/

пред 1615 дена

Сподели преку :

Во следните два месеца, пациентите што ќе имаат потреба од ургентна лекарска услуга наместо на Ургентниот центар ќе ја добиваат на други клиники, бидејќи оваа клиника започна со реновирање што ќе трае месец до два. Хируршкото одделение ќе функционира, но со намален број на дежурни лекари.

Во случај на зголемен број пациенти за време на реконструкцијата во ургентниот центар, предвидено е сите итни пациенти од Скопје да бидат згрижени во градската општа болница „8 септември“, додека пациентите од другите градови ќе ја добијат соодветната здравствена услуга – хируршки третман во специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ или старата градска болница.