Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште една шанса за легализација на дивоградбите?

/

пред 242 дена

Сподели преку :

Власта предлага уште едно продолжување на рокот за легализација на дивоградбите. Наместо рокот да заврши на 3 март годинава, општините да добијат уште пет години за да ги решаваат барањата. Предлог измените веќе се објавени и ги поднесе група пратеници од владеачкото мнозинство. Во образложението стои дека продолжувањето било побарано од ЗЕЛС, по иницијатива на Општина Битола.

„Овозможуваме правна сигурност за општините како надлежни органи да можат легално да ги завршат веќе отпочнатите постапки и оваа измена не предвидува нови барања туку исклучиво во служба на оние граѓани кои веќе поднеле документација и со години чекаат на својот имотен лист“, рече Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопските градоначалници тврдат дека нема простор за злоупотреби. Според Дејан Митески од Аеродром и Горан Герасимовски од Центар, продолжувањето е потребно за да се затворат старите предмети.

„Конкретно во Општина Аеродром можам да кажам поднесени се првично повеќе од 10.000 барања за легализација. Повеќе од 65% од тие барања се завршени, односно легализирани објекти“, истакна Дејан Митески градоначалник на Општина Аеродром.

Инаку, законот е на сила од март 2011 година, а рокот досега двапати беше продолжуван.

Симона Петровска