Министерството за здравство информира дека на 9. август, по повод Светски ден на органодонорство (13 август) била извршена уште една трансплантација на органи од починат донор.

- Голема благодарност кон семејството кое во најтешките моменти одлучи да ги донира органите. Во процесот на трансплантација беа вклучени повеќе екипи од хируршки и интерни клиники од клинички блок „Мајка Тереза“, соопштуваат од министерството.

Трансплантираните пациенти се во добра општа состојба и под постојан медицински надзор и нега.












