Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште пет дена кампања за локалните избори

/

пред 348 дена

Сподели преку :

Партиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините во вториот круг на локалните избори. Се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2 ноември.

По истекот на рокот за пријавување на болни и немоќни лица за гласање, ноќеска завршува и рокот за пријавување на лицата во домашен притвор. Овие лица, како и затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 1 ноември.

Првиот круг од локалните избори се одржа на 19 октомври и завршија во 43 општини, додека постапката ќе се повтори во Гостивар, Маврово/Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде немаше доволна излезеност.