Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уставен денеска треба да пресече за ДУП-от во Центар што ги опфаќа и атрактивните парцели на Водно

/

пред 1365 дена

Сподели преку :

Уставниот суд денеска треба да донесе конечна одлука во врска со предметот со кој е оспорена одлуката на општина Центар од 2014 година за Деталениот урбанистички план со кој се опфатени Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Цвеќара и атрактивни парцели на Водно до кои нема пристапен пат, а за кои жителите од тој дел на населбата долго време реагираат на обиди за градежен упад во шумата.

Претходно за овој план беше воведена „времена мерка“ со која беше запирено извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука.

Уставниот суд ќе преиспита како Општина Центар го донела спорниот ДУП изразувајќи сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на Одлука со 11 гласа „за”.