Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уставен суд ќе расправа за одлуката на Владата за бројот на членови во општинските совети

/

пред 389 дена

Сподели преку :

Уставниот суд денеска, ќе ја разгледува Одлуката на Владата за утврдување на бројот на членови на советите на општините, за која се поднесени три иницијативи. Подносителите, меѓу кои се Скендер Реџепи, Ќенан Алија и пратеници од „Европски фронт“, тврдат дека Владата ја донела одлуката без законско овластување и спротивно на Законот за локална самоуправа, користејќи укината методологија од Пописот 2021. Според иницијативите, со ваквата одлука се повредуваат членови од Уставот и законите, бидејќи бројот на советници не е утврден врз основа на официјални и правно валидни податоци. Подносителите укажуваат дека Уставниот суд веќе укинал делови од Методологијата за попис, врз која се темели владината одлука, што според нив е клучен аргумент за нејзиното укинување.