Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уставен суд остана без еден судија

/

пред 518 дена

Сподели преку :

Уставен остана без еден судија, откако Управниот суд ја поништи одлуката на Собранието за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија од пред две години. Дуковска беше предложена за уставен судија од судскиот совет, тогаш предводен од Весна Дамева.

Како ќе влијае оваа пресуда врз работата на Уставниот суд се очекува судот да се произнесе во текот на денешниот ден. Едно од прашањата во јавноста е што оваа одлука ќе значи и за предметот за законот за јазиците, каде Дуковска е известител. Инаку таа беше известител и за контроверзните измени на Кривичниот законик.

Тужба пред Управен во 2023 поднесе Антонета Димовска која сега е член на Судски, а тогаш како судијка беше меѓу трите кандидатки за уставен судија што ги предложија членови на судски.

Прво се гласаше за Дуковска која доби 11 гласа „за“ и 2 „против“, а Димовска и судијката Татјана Сусулеска воопшто не беа ставени на гласање. Дуковска беше испратена како предлог до Собранието кое ја избра со 64 гласа „за“.

Претходно Управниот суд двапати ја отфрлаше тужбата поради ненавременост и други причини, а Вишиот управен суд двапати ги укинуваше решенијата на Управен и третиот пат Управен носи поништувачка одлука.