Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Усвоена одлуката за формирање работна група за изнаоѓање заедничко решение околу прашањата покренати од Синдикатот на УПОЗ

/

пред 1096 дена

Сподели преку :

Владата на денешната 189-та седница ја усвои Информацијата од Министерството за правда за изнаоѓање решение околу актуелните барања и посочени состојби од страна на судската, јавно обвинителската служба и вработените во органите на државната управа.

Владата одлучи во рок од седум дена да биде формирана работна група составена од министерот за правда, министерот за финансии, министерот за информатичко општество и администрација и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции и претставници од Синдикатот на УПОЗ, заради изнаоѓање решение во врска со барањата и посочените состојби од страна на судската, јавно обвинителската служба и вработените во органите на државната управа, соопштија од владината прес-служба.

Владината одлука следува откако од страна на Министерството за правда е информирано дека на разговори со Синдикатот на УПОЗ е изразена определба од двете страни да се најде заедничко решение, со цел да не се кочи процесот на движење на предмети во судовите и јавните обвинителства.

Со денешниот владин заклучок, се наведува во соопштението, практично е овозможено непречено функционирање на правосудниот систем, во текот на разговорите меѓу работната група и Синдикатот на УПОЗ.