Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утре ќе биде објавен тендер за интерконекторот кон Грција, делот од македонска страна чини 83 милиони евра

/

пред 1055 дена

Сподели преку :

Утре ќе биде објавен новиот тендер за избор на изведувач за изградба на интерконекторот меѓу земјава и Грција, со должина од 123 километри. Предвидено е да се протега под Неа Месимвриа, кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата системи за пренос на природен гас. Планот  е да биде готов до средината на 2025 година. Делот од македонска страна чини 83 милиони евра и парите се обезбедени од меѓународните финансиски институции. Грчкиот оператор ДЕСФА го презеде и управувањето на делот од гасоводот кој што ќе поминува низ Македонија, откако беше избран на тендерот објавен од државната компанија НОМАГАС.