Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

/

пред 99 дена

Сподели преку :

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката Пулс повторно излегуваат на протест барајќи ја вистината и правдата за своите деца.

Протестот ќе се одржи во Паркот на револуцијата во Кочани од 18:05 часот.

  • „За нашите 63 ангели нема одмор од љубовта, нема одмор од сеќавањето и нема откажување од барањето за вистина и одговорност. Она што деновиве го гледаме во судницата – расправи, провокации и обиди вниманието да се оддалечи од суштината – не нè обесхрабрува. Напротив, ни е дополнителна мотивација уште погласно и поистрајно да бараме вистина и правда. Ве повикуваме да ни се придружите и оваа сабота. Секој чекор е спомен за нашите деца и порака дека тие нема да бидат заборавени, а нашето барање за правда нема да замолкне“, стои во објавата на социјалните мрежи.

На последното судско рочиште родителите револтирани ја напуштија судницата во Идризово откако одбраната побара изземање на обвинителката Наташа Сарамандова за што одлука треба да донесе државниот јавен обвинител Ненад Савески.