Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утре одговор од Aдвокатската комора откако отвореното писмо на Коцевски предизвика бурни реакции кај адвокатите

/

пред 371 дена

Сподели преку :

„Адвокатската комора ќе одговори на наводите но прво сакаме официјално да ја видиме целата содржина на документот“, синоќа се огласи и еснафската комора за Tелма откако отвореното писмо на обвинителот Љупчо Коцевски предизвика бурни реакции кај адвокатите.

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која беше директно спомената во писмото, реагираше преку социјалните мрежи, оценувајќи дека тоа претставува директен притисок врз слободата на говорот и професионалната независност на адвокатите.

Во писмото, пак, државниот јавен обвинител реагира на начинот на кој дел од адвокатите јавно го коментираат обвинението за пожарот во кочанското кабаре „Пулс“, наведувајќи дека со тоа ја доведуваат јавноста во заблуда и го нарушуваат угледот на институциите.

Коцевски оценува дека местото за соочување на доказите е судницата, а не јавниот простор, и потсетува дека адвокатите се должни да го чуваат угледот на судот и институциите пред кои се појавуваат.