Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утрото постудено со услови за утринска магла по одделни котлини, преку ден сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 30.10.2025

/

пред 340 дена

Сподели преку :

Стабилното време продолжува понатаму. Во четврток утрото ќе биде постудено со услови за утринска магла по одделни котлини. Преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -3 до 5°C, а максимумот од 14 до 20°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-3 Берово, -1 Лазарополе, 0 Скопје–Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија, Струмица, 1 Крива Паланка, Прилеп, Куманово, Маврови Анови, 2 Велес, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Попова Шапка, 3 Скопје–Зајчев Рид, Крушево, 4 Претор, Виница, 5 Охрид.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

3 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 2 Крива Паланка, Претор, 1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 14.5, Преспанско Езеро 14.0, Дојранско Езеро 14.0.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]