Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ужас во Кенија – најмалку 17 загинати ученици во подметнат пожар во училиште

/

пред 775 дена

Сподели преку :

Најмалку 17 ученици загинаа во пожар во училиште во централна Кенија, објави полицијата. Се стравува дека бројот на мртви би можел да се зголеми, бидејќи десетици ученици се пренесени во болница со тешки изгореници, пренесува „Би-Би-Си“.

Пожарите се релативно чести во интернатите во Кенија. Десет девојчиња загинаа во 2017 година во подметнат пожар во женска гимназија во Најроби. Најсмртоносниот се случи пред 20 години и во него загинаа најмалку 67 ученици.