Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Вагнер“ во белорускиот регистар е ДОО кое дава образовни услуги

/

пред 1171 дена

Сподели преку :

Руската паравоена група „Вагнер“ е регистрирана во Белорусија, а под активности е заведена дека дава образовни услуги, се наведува во белорускиот државен регистар за правни лица.

Друштвото со ограничена одговорност „Вагнер“ е регистрирано на почетокот на август, со тип на дејност „други видови на образование“.

Според пишувањата на локалните медиуми, сопственик на новото правно лице е руската компанија „Конкорд Менаџмент и Консалтинг“ на чие чело е Евгениј Пригожин.

Литванската влада донесе одлука за затворање на два од шесте гранични премини кон Белорусија од „геополитички причини“. Одлуката на официјален Вилнус доаѓа по неколку недели од пристигнување на борците на „Вагнер“ на белоруска територија.

Полска, пак, претходно го зголеми бројот на војници на границата со Белорусија поради загриженост од делување на вагнеровците.