Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ванчo Михајлов и Борис трети поминаа, но Цар Фердинад заглави и не доби зелено светло како прифатливо име за културен клуб

/

пред 1434 дена

Сподели преку :

Советодавното тело на денешната седница не даде согласност за  користење на името Цар Фердинанд во името на бугарскиот културен клуб во Богданци, потврдија за Телма од Mинистерството за правда.

По Ванчo Михајлов во Битола и Цар Борис Трети во Охрид, во Богданци бугарскиот културен клуб требаша да го носи името Цар Фердинанд по бугарскиот кнез и цар од 1887-ма до завршување на Првата светска војна 1918.

Фердинанд бил владетел во чие време Македонија била поделена, а бил активен учесник и во Балканските војни.

Советодавното тело беше формирано овој месец за да ги преиспитуваат контроверзните имиња на невладини здруженија и клубови. Денешната одлука е прва која што е донесена во Советот.