Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Васиљевиќ: Нападнати се просториите на СНС, повредени речиси 70 лица во Врбас

/

пред 431 дена

Сподели преку :

Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, изјави дека синоќешните инциденти во Врбас, Бачка Паланка и други места во Србија започнале со обид за напад врз просториите на Српската напредна партија (СНС).

Според него, групи лица дошле со намера да предизвикаат судири и да ги оштетат партиските простории.

„Направивме двоен кордон, ги раздвоивме групите, но почнаа да летаат камења, факели, јајца, па дури и се појавија лица со палки и метални шипки“, рече Васиљевиќ за РТС, нагласувајќи дека било очигледно дека се барал физички судир.

Во Врбас се повредени 16 полицајци, а 52 граѓани со полесни повреди се пријавиле во болница.

Инцидентите траеле до утринските часови.

Во Белград, пак, е регистриран обид за напад врз полиција, каде што биле применети средства на присила против две лица.