Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вечерва истекуваат првите 48 часа притвор за 17-те лица, обвинителството може да бара нови 48 часа

/

пред 582 дена

Сподели преку :

На уште едно лице му е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со трагедијата во Кочани со што вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка се искачи на 17 лица. На дел од оние кои им е изречена оваа мерка, вечерва им истекуваат 48-те часа. Според законските прописи, обвинителството може да бара уште еден од 48 часа, а потоа мора да биде одреден 30-дневен притвор.

Меѓу притворените на кои им е изречен 48-часовен притвор се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски.