Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Велика Британија ќе биде домаќин на самит за Западен Балкан на 8 октомври кај Белфаст

/

пред 436 дена

Сподели преку :

Велика Британија ќе биде домаќин на меѓународен состанок на високо ниво за регионот на Западен Балкан што ќе се одржи во октомври, соопшти денеска британската Влада. Средбата ќе се одржи во замокот Хилсборо, недалеку од Белфаст, и дел е од пошироките разговори што ги организира Велика Британија за градење отпорност, соочување со нелегалната миграција и поттикнување на економскиот раст.

„Министерот за надворешни работи Дејвид Лами од 8 октомври во Белфаст ќе пречека повеќе од 15 европски министри, кои ќе разговораат за промоција на мирот, стабилноста и соработката во Западен Балкан, зајакнување на колективната безбедност на Европа“, се вели во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.