Лидерот на СДСМ, Венко Филипче побара оставки од досегашните членови на Извршниот одбор, и тоа на вечерашната седница на ова тело на партијата што заврши пред малку.
- Се направи еден чин на солидарност, рече Филипче, по поднесените оставки.
Телма дознава дека се повлекуваат и луѓе од други челни позициии, односно дека сите потпретседатели, генералниот и организациониот секретар, како и членовите на Извршниот одбор прифатиле да си дадат оставки без противење.
За вестите на Телма во 21:30 директно од седиштето на СДСМ се јави Далиборка Демјанска











