Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Венс: Данска не завршила работа за обезбедување на Гренланд

/

пред 277 дена

Сподели преку :

Данска не завршила работа околу обезбедување на Гренланд, а претседателот Трамп е подготвен да оди колку што е потребно за заштита на американските интереси на Арктикот. Ваква порака прати потпретседателот на САД, Џеј ди Венс кој во интервју за „Фокс њуз“ го повтори ставот на Трамп дека Гренланд е клучен за американската национална безбедност, но и за светската.

Според него, целата инфраструктура за ракетна одбрана е делумно зависна од данската автономна територија. Изјавите на Венс доаѓаат по пораките на државниот секретар Марко Рубио пред пратениците дека американската администрација има намера на крајот да го купи Гренланд, наместо да употреби воена сила.

„Значи, се прашувате себеси, дали Европејците, дали Данците направија соодветна работа за обезбедување на Гренланд и осигурување дека може да продолжи да служи како сидро за светската безбедност и ракетна одбрана? – И одговорот е, очигледно не. Тие недоволно инвестирале во својата безбедност. Тие не направиле добра работа за обезбедување на таа област, за таа копнена маса. И она што ги слушам како велат е… Тие секогаш се расправаат за минатото. Ќе речат, па, се боревме заедно во Втората светска војна или се боревме во војната против тероризмот. И ние сме благодарни за тоа. Ни се допаѓа што ги имаме овие сојузници. Но, само затоа што сте направиле нешто паметно пред 25 години, не значи дека не можете да направите нешто глупаво сега. А, претседателот на САД многу јасно кажува дека „не работите добро во однос на Гренланд“. Ќе се погрижиме да ги браниме интересите на Америка. И мислам дека претседателот е спремен да оди колку што е потребно за да се осигури дека го прави тоа“, изјави американскиот потпретседател Џеј ди Венс во интервју за „Фокс њуз“.