Верижен судир во кој учествуваа неколку автомобили, камион и автобус се случи доцна синоќа на скопската обиколница, пред исклучувањето за селото Смилковци кон с. Стајковци.
Полициски и екипи на итната медицинска помош веднаш излегоа на терен, а беше направен и увид на местото за да се утврдат причините како дошло до несреќата.
За сега нема информации за повредени или жртви, а повеќе информации за настанот се очекуваат во текот на денешниот ден. Сообраќајот на обиколницата деновиве е отежнат поради густа магла во тој дел од земјава











