Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Версајската палата повторно евакуирана поради закана за бомба

/

пред 1078 дена

Сподели преку :

Версајската палата денеска повторно беше евакуирана поради анонимна закана за бомба, соопшти управата на туристичката атракција во близина на Париз.

Ова е седмо затворање на „Версај“ во рок од осум дена поради закани за бомби. И покрај тоа што еден осомничен е веќе уапсен, пријавите продолжуваат, а за сите досега е потврдено дека се лажни.

Во текот на изминатите неколку дена, стотици училишта во Франција, како и регионалните аеродроми, беа принудени да затворат поради лажни пријави за поставени експлозивни направи.

Властите соопштија дека многу од заканите биле упатени од млади луѓе.