Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ветото за Македонија и предлагањето на Камчев за почесен конзул на Бугарија пречки за кандидатурата на Захариева за еврокомесар!?

/

пред 758 дена

Сподели преку :

Кандидатката за бугарска еврокомесарка, Екатерина Захариева одби да одговори на прашањата на бугарскиот сајт Еурактив, кои се очекува да бидат ставени на расправа пред Европскиот парламент, и може да ја саботираат нејзината кандидатура за Европската комисија.

Според Еуроактив, многу меѓународни публикации фрлаат сенка врз шансите на Захариева да ја добие поддршката од европратениците поради одлуките на бугарската држава додека таа беше министер за правда, а потоа и министер за надворешни работи.

Додека Захариева беше министер за правда, Бугарија имаше сериозен проблем со корупцијата при доделувањето на бугарски државјанства. Еуроактив наведува дека во 2020 година, владата на Бојко Борисов ја блокираше европската интеграција на Северна Македонија поради партиските интереси на неговиот партнер од ВМРО, додека Захариева беше министер за надворешни работи.

Поголем проблем за Захариева е што таа во 2019 година лично го предложи бизнисменот со бугарски пасош Орце Камчев за почесен конзул на Бугарија во Македонија.

Орце Камчев, пишува порталот, беше осуден за вмешаност во шема за перење пари поврзана со нелегално купување земјиште, а на американската црна листа за корупција е од 2023 година.