Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ветрот предизвика огромна материјална штета на улица „Леринска“ во Битола

/

пред 681 дена

Сподели преку :

Силен ветар во Битола откорна покрив од зграда кој падна врз автомобил. Граѓаните вознемирани ги предупредуваа соседите да внимаваат и да не минуваат покрај зградата на улицата „Леринска“. Засега нема информации за повредени лица, но направена е материјална штета. Исто така, ветрот урна и ограда со која беше заштитен градежен плац каде се гради зграда во старата битолска Касарна.

Од УХМР инфомираат дека ветрот има југоисточен правец и на моменти достигнува брзина од над 65 километри на час, а се очекува негово засилување во попладневните часови кога ќе го менува и правецот на движење од југоисточен во северен. Намалување на интензитетот на ветрот се најавува во текот на ноќта.