Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ветувања на хартија, загаден воздух во реалноста

/

пред 292 дена

Сподели преку :

Иако речиси секоја влада најавува обемни проекти за намалување на загадувањето, тие најчесто остануваат само во стратегии и документи, додека воздухот во Скопје и другите градови редовно урива рекорди по загаденост.

Експертите велат дека причините одамна се анализирани, но недостига политичка волја и доследна реализација на решенијата.

Консултантот за животна средина Филип Иванов за Телма посочува дека сиромаштијата и греењето со отпад се клучни фактори за зимското загадување.

Според него, системско управување со отпадот и проширување на топловодната мрежа, за што постојат стари, но релевантни стратегии, би можеле значително да го намалат проблемот, особено сега кога парното е под државна контрола.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, неодамна истакна дека Скопје имало денови со почист воздух од други европски метрополи, повикувајќи на позитивен наратив.

Сепак, експертите предупредуваат дека додека институциите си ја префрлаат одговорноста, напредок нема да има и дека трошоците за лекување на последиците од загадувањето се далеку поголеми од инвестициите потребни за негово спречување.