Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) – Десетти „Марш за ангелите“ во Кочани

/

пред 492 дена

Сподели преку :

Семејствата на починатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска во 18 часот и 5 минути го започнаа десеттиот „Марш за ангелите“.

Маршот, што се оддржува во знак на почит на загинатите , но и како поддршка на повредените во пожарот, е потсетување за задоцнетата реакција и затајувањето на институциите во системот кои не презеле мерки да се спречи трагедијата.

Семејствата на настраданите остануваат на своето единствено барање за правда за своите деца, за што најавуваат дека ќе се борат до крај.

Маршот се одвива по вообичаената маршрута, од Паркот на револуцијата, низ трговскиот центар, пред Општина Кочани а оттаму кон полициската станица и Основниот суд и обвинителството во Кочани.

За атмосферата во Кочани, во вестите на Телма во 18.30 , известува Сотир Трајков.