Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Едно лице загина при пад на кабина на жичница во Швајцарија

/

пред 205 дена

Сподели преку :

Едно лице загина, откако кабина на жичница се откажи од сајлата и падна поради силен ветар во зимскиот туристички центар Енгелберг во Швајцарија.

Жртвата, чиј идентитет не е откриен, била сама во кабината во моментот на несреќата.

Во тек е истрага за причините за несреќата, соопшти полицијата на кантонот Нидвалден.

Падот на кабината се случил околу 11 часот, а спасувачката акција ја отежнувал ветрот што дувал со јачина од 84 километри на час, пренесуваат швајцарските медиуми.