Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео/фото) Повредени 30-тина патници, дел со скршеници – авион од Мадрид за Монтевидео влета во силна турбуленција

/

пред 842 дена

Сподели преку :

Триесет патници се повредени во авион на релација Мадрид – Монтевидео кој беше зафатен од „силни турбуленции“ за време на летот, поради што пилотите беа принудени да слетаат во Бразил, соопшти шпанската авио-компанија „Ер Јуроп“ (Air Europa).

„Нашиот лет УКСО45 за Монтевидео беше пренасочен кон аеродромот Натал во Бразил поради силни турбуленции. Авионот слета нормално, а на повредените им беше пружена медицинска помош“, соопштија од „Ер Јуроп“.

Авионот кој беше погоден од турбуленција е Боинг 787-9 Дримлајнер со капацитет од 339 патници, според страницата за следење на летови FlightAware.

„Авионот одеднаш се дестабилизира и тргна со клунот надолу. Луѓето кои немаа ставено појаси, скокнаа од седиштата и удрија во таванот и тие се потешко повредени. Тие кои беа врзани, минаа со полесни повреди“, изјави еден од патниците за „Ројтерс“.

„Има патници со скршеници и повреди на рацете, нозете и лицата. Повредени се 30-тина луѓе. Чувството беше прилично ужасно, мислевме дека ќе умреме, но, фала му на Бога, тоа не се случи“, изјави друг патник.

Боинг неодамна се соочи со бројни обвинувања кои укажуваа на сигурносни проблеми во компанијата. Минатата недела се јави „свиркач“ кој рече дека деловите за авионите за Боинг 787 Дримлајнер се направени на несигурен начин што може да доведе до „разорни последици“.

Претходниот „свиркач“, Сем Салепур, инжињер на Боинг, рече дека пронашол и пријавил слични недостатоци во авионите 777 и 787. Повеќе од две години, Сојузната управа за цивилно воздухопловство (ФАА) и Боинг ги прекинаа испораките на новите Дримлајнери додека се разгледуваа недостатоци. Боинг, во меѓувреме, информира дека направил промени во производствениот процес и оти продолжил со испораките.