Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Го скратува патувањето од два часа на една минута – Кина го гради највисокиот мост на светот

/

пред 550 дена

Сподели преку :

Кина планира да го отвори највисокиот мост на светот во јуни, што е најново инжинерско постигнување на земјата која е позната по обемните вложувања во инфраструктурата, пишува „Си-Ен-Ен“.

Мостот над големиот кањон Хуаџианг моментно е во завршна фаза во провинцијата Гужу, во југозападна Кина. Се наоѓа на височина од 625 метри од нивото на реката, што е за 289 метри повисоко од досегашниот рекордер, вијадуктот Мило во Франција.

Гужу е планинска покраина со изразено сложен релјеф, а мостот минува преку длабокиот и тесен кањон Хуаџианг кој локалното население го нарекува „пукнатина во земјата“.

Кина со година спроведува обемна кампања за модернизација на инфраструктурата, особено во релативно неразвиените планински подрачја како Гужу кое се наоѓа на 1.300 километри западно од Шенжен.

Мостот не изграден за уривање на рекорд. Кога ќе биде пуштен во сообраќај, значително ќе го олесни патниот превоз. Според кинеските државни медиуми, мостот ќе го скрати времето за патување преку кањонот Хуаџианг од два часа на една минута.

Станува збор за висечки челичен мост, со конструкција со решетки, со вкупна должина од 2.890 метри. Изградбата започна на 18 јануари во 2022 година, а се очекува да заврши на 30 јуни оваа година. Челичните решетки на мостот тежат околу 22.000 тона, што е еквивалент на три Ајфелови кули.