Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Голема материјална штета во поплавените куќи во Ресен

/

пред 283 дена

Сподели преку :

Денеска во Ресен сè уште се на терен екипите кои од ноќеска интервенираат во поплавените места во градот. Според информациите кои за Телма ги даде Ангел Пановски од Дирекцијата за заштита и спасување, поплавените куќи имаат голема материјална штета, најмногу бела техника. Жителите се безбедни, а како една од причините за големите количини на вода од врнежите која се излеaла во домовите се затнатите канализации.

И Општина Битола, заедно со јавните претпријатија, интензивно работи на санација на проблемите предизвикани од обилните врнежи од дожд.

Градоначалникот Тони Коњановски информира дека на локацијата кај стар „Прогрес“, на улиците „Крушевска“ и „Македонска фаланга“, водата е повлечена и се врши чистење од екипи на „Водовод“, „Комуналец“, „Нискоградба“ и Територијалната противпожарна единица. Интервенции се спроведуваа и во руралните средини.

Во селото Кравари на терен работеа три машини на каналската мрежа, додека екипи беа на терен и по течението на реката Драгор, низ Долно Оризари, Карамани и Трн.

Состојбата сега е стабилна, а водостојот на реката Црна кај Новаци изнесува 2,18 метри, што е очекувано по обилните дождови, се вели во соопштението објавено на Фејсбук. Дополнителни интервенции биле реализирани и во селата Канино, Лера, Кажани и на повеќе критични локации во и околу Битола. Патот кон селото Доленци синоќа остана привремено затворен поради надојдена вода во реката Шемница.

K.K.