Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Грета Тунберг во Македонија – денеска во Тетово и во Скопје, утре на протест против изградба на мала хидроцентрала на реката Дошница

/

пред 450 дена

Сподели преку :

Позната шведска активистка, тивко и без најава, пристигна во Македонија. Во земјава допатува од Албанија, каде во изминатите денови, меѓудругото, учествуваше и на протест во Тирана за поддршка на жителите на Газа. Претпладнево го посети Тетово, а попладнево е во Скопје, каде вечерва ќе присуствува на дискусија во социјалниот центар „Дуња“.

За утре најави дека се придружи на блокадата кон скијачкиот центар Кожуф против изградба на мала хидроцентрала на реката Дошница. Еко-активисти веќе цел месец го блокираат патот, со цел да не дозволат да отпочнат градежните работи на локацијата на која е планирана мала хидроцентрала на реката Дошница. Порачаа дека ќе останат на терен, додека Владата не ја укине дозволата за градење на Кожуф.

Тунберг (22) на 15-годишна возраст почна со активности против климатските промени. Честопати протестираше пред парламентот на Шведска, а нејзините активности го иницираа глобалното ученичко движење „Петоци за иднината“. „Тајм“ во 2019 година ја прогласи за една од 100-те највлијателни личности во светот.

Тунберг неодамна беше дел од групата активисти кои се обидоа со бродот „Мадлен“ да ја пробијат израелската блокада на Газа и да достават помош за цивилите. По неуспешниот обид, следуваше нејзина депортација од Израел.