Гром удри во авион со 400 патници на летот од Ванкувер до Лондон во неделата. Огромна молња го погоди Боинг-777 на компанијата „Ер Канада“, набрзо по полетување од аеродромот во Ванкувер.
Инцидентот, кој го забележа посматрач на авионот, не резултираше со жртви, а боингот успеа да го продолжи летот и да слета според планираното.
Авионот полета само неколку минути пред ударот на громот, но веќе беше високо на небото. Молњата удри во дел од авионот чиј лет, за среќа, не беше нарушен.
https://www.tiktok.com/@ethan_west10/video/7342360377050598662?is_from_webapp=1&sender_device=pc











