Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Хаос на второлигашки меч во Турција: Навивач со стап од корнер знаме тепаше гостинскиот голман

/

пред 1417 дена

Сподели преку :

Додека светскиот фокус е насочен кон Катар и натпреварите на Светското фудбалско првенство, во многу земји во тек се мечеви во пониските рангови, а немили сцени доаѓаат од турската второлигашка сцена.

Се случија во мечот меѓу Гозтепе и Алтај кој беше прекинат по само 20 минути игра, по нередите кои ги предизвикаа домашните навивачи.

Во хаосот се повредени неколку домашни навивачи и голманот на Алтај. Тој беше мета на домашен навивач, кој влезе во теренот го зграпчи стапот на корнер знамето и неколку пати го удри по глава и во грбот, гостинскиот голман.

Набрзо на помош ми притрчаа неговите соиграчи. Хулиганот беше совладан и приведен, а голманот превезен во болница со повреди на главата. Играчите на двете екипи и судиите се повлекоа во соблекувалните и натпреварот, по подолга пауза поради консултации, беше прекинат.