Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во официјална посета на Монголија, земја која, како членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), треба да го уапси по потерница распишана по него, но нема.
Путин заедно со монголскиот лидер утре ќе присуствуваат на прослава на победата на советските и монголските сили над јапонската војска во 1939 година.
Украинските власти и МКС ги повикаа монголските власти да го уапсат Путин, кој е на потерница за сомнежи за незаконски депортации на украински деца во Русија, но портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков минатата недела изјави дека Москва нема причини за загриженост по тоа прашање.
🇷🇺🇲🇳 Putin has arrived in Mongolia on an official visit.
Here is a video of him getting arrested… Oh, wait. Nevermind. pic.twitter.com/9FvbKkEc6t
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) September 2, 2024
Доколку земја членка на МКС не ги исполни обврските, судот може да отвори предмет пред Собранието на земји членки што се состанува еднаш годишно, но потенцијалните санкции се ограничени само на усни опомени.
Монголија го потпиша Римскиот статут во 2000 година, а го ратификува во 2002 година. Земјата се наоѓа на планираната траса на новиот гасовод од Русија до Кина. Руските власти со години преговараат за изградба на нов гасовод преку кој годишно би се транспортирале 50 милијарди кубни метри природен гас преку Монголија од рускиот регион Јамал до Кина.
Монголија, која е слабо населена земја меѓу Русија и Кина, во голема мера е зависна од Русија за гориво и струја и од Кина за вложувања во рударската индустрија.











