Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Јапонија ја погоди земјотрес со јачина од 7,6 степени по Рихтер – потресот предизвика цунами

/

пред 1030 дена

Сподели преку :

Силен земјотрес и цунами го погодија централниот дел на Јапонија и нејзиниот западен брег. Властите апелираа до населението во погодените подрачја да се евакиура. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот бил со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 13 километри, со епицентар на 90 километри северно од Такаока и 47 километри североисточно од Анамико. Земјотресот предизвика и бранови со височина од еден метар, долж брегот на Јапонското Море.

Илјадници домови останаа без електрична енергија, а во прекин се сите летови и железнички линии кон погодените подрачја. Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за силна сеизмичка активност во наредните седум дена, особено во наредните два до три во кои земјата повтормно би можела да биде погодена со потрес со магнитуда од 7 степени.