Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Како ќе изгледа првата фаза од булеварот „Македонија“ со подземна сообраќајница

/

пред 245 дена

Сподели преку :

Видео на социјалните мрежи објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски од булеварот „Македонија“ чија изградба почна вчера и се очекува првата фаза да биде реализирана во рок од 90 дена.

„Градот Скопје со визија и посветена работа ги испишува нивите страници на една убава, достоинствена и горда историја“, пишува во објавата на Фејсбук.

Ѓорѓиевски најави дека следнава недела треба да биде распишана и тендерската постапка за втората фаза, а очекува целата сообраќајница, којашто е околу два километра, да биде завршена до крајот на неговиот мандат.

„Рокот на изведба е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка за втората фаза која ќе подрзабира два нови кружни текови и влез во подземната сообраќајница. За да не го губиме времето, ќе ја почнеме тендерската постапка наредните 10 дена и верувам дека веднаш по завршување на првата фаза, ќе започнеме со реализација на втората фаза. Оваа фаза опфаќа проширување на дел од сообраќајниците тука и уредување на целиот простор. Опфаќа нова атмосферска канализација и 60 нови шахти, што значи дека и атмосферските води ги средуваме во овој дел од нашиот главен град. Опфаќа на улицата „Пролет“, приклучување и нов крак кон улицата „Борис Трајковски“ и уште едно проширување и нов крак на улицата „11 Октомври“, изјави вчера Ѓорѓиевски.
<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Freel%2F1566083841328779%2F&show_text=false&width=560&t=0″ width=”560″ height=”314″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share” allowFullScreen=”true”></iframe>