Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Крвави лица, солзавец, приведени и повредени, војник извади пиштол – инциденти на протестите во Србија

/

пред 423 дена

Сподели преку :

Ескалираа протестите во Србија. Синоќа се одржаа во 30-тина градови во земјата. Дојде и до „блиски средби“ меѓу полицијата и антивладините демонстранти кои се собираа пред локалните штабови на владеачката СНС во знак на револт по насилствата меѓу нивни приврзаници и граѓани пред партиските простории во Врбас и во Бачка Паланка ден претходно.

Кордони на полицијата и на жандармеријата ги потиснуваа демонстрантите, упоребувајќи и солзавец. Повредени се десетици демонстранти и полицајци. Демонстрантите тврдат дека меѓу нив се инфилтрирани провокатори кои со агресија се обидуваат да предизвикаат реакција од полицијата.

Обвинителството издаде налог до полицијата за идентификување и процесуирање на лица кои ја нападнаа полицијата. Според српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ во инцидентите се повредени „многу граѓани“ и најмалку шест полицајци.

Пред просториите на СНС во Нови Сад, едно лице извади пиштол. Дачиќ нагласи дека лицето било заставник на Војската на Србија кој, наводно, „бил на задача за обезбедување на лице под заштита“. Голем број на лица се приведени, но според извештаите на репортите кои ги следеа протестите, ни приближно не може да се процени колку. Нереди имаше и во Белград, во Ниш и во уште неколку српски градови. Граѓаните во Лазаревац гопробија полицискиот кордон.

Во инцидентите во Нови Сад, според српскиот претседател Александар Вучиќ се повредени повеќе од 60 граѓани и 16 полицајци од кои двајца со потешки повреди на главата и градите. Протестите ширум Србија завршија по полноќ.

Спротивно на изјавите на Вучиќ и Дачиќ, демонстрантите го тврдат спротивното. Тие се револтирани од обвинувањата за насилство додека против нив, како што велат, се случуваат синхронизирани напади од приврзаници на СНС меѓи кои, тврдат тие, има и „лица со сомнително минато“, ангажирани да предизвикуваат инциденти и да испровоцираат интервенција на полицијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mihajilo Popovic Jr. (@jr_superstar_)