Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Македонија ризикува да не ги исполни реформите до јуни

/

пред 160 дена

Сподели преку :

Изборниот законик ќе биде чекорот од реформската агенда од Планот за раст кој Македонија со сигурност нема да го исполни до јуни, информира денеска првиот вицепремиер задолжен за европски прашања, Беким Сали.

За овој закон и за уште девет други чекори за кои грејс периодот за нивна реализација завршува во јуни по што ќе се знае точно колку од европските пари нема да добие Македонија поради нивното неисполнување.

Сали, за изјавата на европратеникот Томас Вајц и претходно на еврокомесарката Марта Кос за застојот во реформите и губење на средствата, рече дека се само предупредување за земјава да ги забрза реформите.

Амбасадарот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас потврди дека на земјава ѝ преостануваат уште 10 чекори да заврши до јуни на кои се работи, но не сакаше да предвидува колку од нив земјата ќе успее да ги заврши.