Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Масовни руски напади утрово во Украина – црн чад над Киев, погодена термоелектрана

/

пред 1322 дена

Сподели преку :

Русија рано утрово изврши воздушни удари во повеќе украински региони, вклучувајќи го и Киев. Според сè уште непотврдени информации, погодена е термоелектрана во главниот град на Украина.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека експлозии се регистрирани во југозападниот дел на градот и оти на спасувачки екипи се излезени на терен. Снабдувањето со електрична енергија е прекинато од превентивни причини за околу 15 отсто од жителите во престолнината, рече Кличко.

„По нападот, како последица на немање на електрична енергија, 40 отсто од корисниците во главниот град моментно се без греење. Ситуацијата со вода е нормална“, истакна Кличко.

Во Киев утрово околу 7 часот по локално време се слушнаа серија на експлозии. Покрај главниот град, мета на руските напади беше и црноморското пристаниште Одеса и вториот по големина град во земјата, Харков, соопштија официјални регионални претставници.