Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Најмалку 16 повредени во пукање во училиште во Турција – напаѓачот се самоуби

/

пред 175 дена

Сподели преку :

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои 10 ученици, во пукање во средно училиште во покраината Шанлиурфи во југоисточна Турција. Според турските медиуми, напаѓачот бил на возраст од 19 години, а по крвавиот пир се самоубил, изјави гувернерот Хасан Шилдак

Покрај ученици, во нападот се повредени и наставници, вработени во училиштната кантина и еден полицаец. Сите повредени се итно пренесени во локалната болница, 12 од нив се задржани на натамошно лекување.

Новинската агенција Демирорен, повикувајќи се на очевидци, објави дека тинејџерот пукал неселективно по влегување во училиштето. Мотивот за пукањето е непознат.