Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Најмалку 25 загинати откако се запали патнички автобус во Индија

/

пред 356 дена

Сподели преку :

Најмалку 25 лица загинаа, а неколкумина се повредени кога патнички автобус се запали по судир со моторцикл во Индија. Несреќата се случила рано утрово во округ во државата Андра Прадеш.

Според полицијата, пожарот го зафатил целосно автобусот за само неколку минути, при што дел од патниците успеале да ги скршат прозорците и да избегаат, додека други останале заробени внатре.

Во моментот на несреќата во автобусот се превезувале 44 патници.Тим на форензичари ја истражува причината за несреќата, која е втора ваква трагедија во Индија за помалку од две недели. На почетокот од месецов, во сличен пожар во државата Раџастан загинаа најмалку 20 лица.

Т.Д.