Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Најмалку 32 загинати и над 700 повредени – два разорни земјотреса ја погодија Венецуела

/

пред 101 дена

Сподели преку :

Најмалку 32 лица загинаа, а на 700 се повредени во разорните земјотреси што ја поогодија Венецуела, објави привремената претседателка на јужноамериканската земја, Делси Родригез. Таа додаде дека бројот на жртви се очекува да расте, пренесува „Ројтерс“. Најтешко е погоден Каракас и областите северно и западно од главниот град.

Според Геолошкиот завод на САД, двата земјотреса во Венецуела беа со јачина од 7,5, односно 7,2 степени по Рихтер и се најсилни во земјатаво последните 100 години.

Земјотресите се случија за време на прослава на национален празник, па многу луѓе беа во своите домови. Болниците се ставени во работа во вонреден режим, а според првичните извештаи, државната нафтена инфраструктура остана неоштетена по разорните потреси.