Советот за јавни обвинители на денешната седница не успеа да избере нов шеф на Вишото јавно обвинителство, бидејќи никој не го доби потребниот број гласови. Но, избрани се четворица нови обвинители во ОЈО ГОКК, меѓу кои не е Ивана Алексова Трајчева, која ги водеше истрагите за полициските службеници поврзани со трагедијата во Кочани.
Со детали од денешната седница на Советот за јавни обвинители во вестите во 12:30 часот се вклучи колешката Билјана Николовска Тодорова.











