Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Нова експлозија во Истанбул, изгореа три автомобили, нема повредени и загинати

/

пред 1418 дена

Сподели преку :

Истанбул вечерва го потресе нова експлозија, овојпат во квартот Фатих по што огнот зафати три автомобили. Според првичните информации, нема загинати, ниту повредени лица, како што е нејасно дали станува збор за активирање на автомлобил бомба или нешто друго е во прашање. Пожарот е набрзо изгаснат, благодарение на брзата интервенција на истанбулските пожарникари.

Локалната новинска агенција ДХА наведува дека еден автомобил одеднаш се запалил по што се слушнале звуци на експлозија.

Ова е втора експлозија во Истанбул во само неколку дена. Осум луѓе загинаа, а над 80 се повредени во експлозија на авенијата Истиклал, популарната туристичка дестинација со бројни кафетерии и ресторани во близина на плоштадот Таксим, што се случи во неделата. Турската полиција уапси едно лице кое е осомничено за поставување на бомба.