План за „нулта корупција“, борба против партиски вработувања, меритократија… Ова се само дел од мега платформата на СДСМ која што претседателот на партијата, Венко Филипче ја претстави пред јавноста.
Ветинг, поддршка за младите да останат дома, реформи во земјоделството, енергетиката со фокус на зелената енергија. Повисоки плати и пензии, скратена работна недела…
Ова се само предлози на работната верзија на кои јавноста може да дава забелешки и сугестиии. Но, за коренити промени во општеството, Филипче посочи дека правдата мора да се ослободи, а законите да важат за сите.











